Георгина Родригез, сопругата на Кристијано Роналдо на Инстаграм објави фотографии од прославата на нејзиниот роденден.
Таа славеше во друштво на својот љубен Кристијано Роналдо и децата.
Манекенката го прослави својот роденден во луксузен ресторан.
За роденденот таа имала торта на три ката, а се пофали со цвеќињата кои ги добила за роденден од своите сакани.
Исто така откри и колку години полни.
“29 години опкружена со луѓе кои ги сакам со целото мое срце. Неизмерно сум му благодарна на Бога за сè. Ви благодарам на сите за честитките со љубов”, напиша Георгина на Инстаграм.
Потсетуваме дека манекенката го прослави својот роденден во луксузен ресторан.
На социјалните мрежи се прошири видеото направено при нејзиното пристигнување пред објектот, кога сите го фотографираа Роналдо и целосно ја игнорираа Георгина. По вечерата стотици фанови го сретнаа Роналдо надвор од ресторанот, а Георгина беше фотографирана со сериозен израз на лицето.
Извор: Канал 5