четврток, 2 февруари, 2023

ВО СТОКХОЛМ ОДРЖАН СОБИР ЗА ОДДАВАЊЕ ПОЧИТ НА КУРАНОТ

Пред турската амбасада во Стокхолм, главниот град на Шведска, се одржа митинг за оддавање почит на Куранот.

Програмата беше заеднички организирана од турски невладини организации активни во таа земја. И тоа како одговор на саботниот грозоморен чин на палење муслиманска света книга токму во Стокхолм, во близина на турската амбасада, што наиде на жестока осуда од исламскиот свет, а особено од Турција.

Религиозниот дел од програмата го водеше претставникот на турскиот Дијанет во Шведска, Сердар Букме, а беа прочитани делови од Куранот преведени на турски и шведски јазик.

Турскиот амбасадор во Стокхолм, Јонет Џан Тезел, се обрати пред присутните и рече дека милијарди муслимани се згрозени и го осудуваат инцидентот во саботата и провокативното палење на Куранот од страна на екстремно десничарскиот политичар од Данска, Расмус Палудан.

Амбасадорката Тезел им се заблагодари на организаторите за поканата за овој собир.

„Пред неколку дена овде се случи инцидент кој ја повреди, па дури и ја згрози совеста и здравиот разум на сите. Со други зборови, кажано со достоинство и меѓукултурна почит, личност со многу збунет ум грубо ја навреди религијата ислам. Милиони луѓе припаѓаат на исламот. Оваа личност ги злоупотреби шведските закони, ги искористи дупките во практиката и ги погази универзалните вредности. Дури и да беше света книга од друга религија, нашата реакција и чувство ќе беа исто“, изјави амбасадорката Тезел.

За време на средбата на учесниците им беа поделени копии од преводот на Куранот на шведски и каранфили.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!