четврток, 2 февруари, 2023

НОВА ТРАГИЧНА ВЕСТ: Маж почина во странство на рацете на својата ќерка – потребни се пари за транспорт на телото

Шеесет и шестгодишниот Наце Трајковски кој отишол да ги посети својата ќерка и внуците за на Малта за празниците ненадејно починал на во неделата на 22-ри јануари на рацете на својата ќерка и зетот.

-Ве повикувам сите да ја покажете својата човечност и љубов и да помогнете неговите посмртни останки да се транспортираат во родната земја. Потребно е да се соберат околу 3.500 евра за транспорт и 1.500 евра за обдукција на телото, стои во објавите на социјалните мрежи.

Средства може да се донираат преку „револут“ кај ќерката Ема 777 155 39. Нашинците кои што се таму може да донираат во поставените курри на Малта, на локација на трите ресторани на Гурмет, во Буџиба, Гзира и Слиема и во ресторанот Пепис во Слиема.

-Нека му е лесна земјата и широко небото на починатиот Наце Трајковски. Изразуваме длабоко сочувство во овие тешки мигови за семејството на починатиот. 💔😢 Можете да донирате на револут кај ќерката Ема 777 155 39. Или пак поставени се кутии во Малта, на локација на трите ресторани на Гурмет, во Буџиба, Гзира и Слиема и во ресторанот Пепис во Слиема.

-Ги повикуваме сите наши пријатели да донираат финасиски средства, согласно своите можности, да ги собереме тие финансии за подмирување на трошоците, за транспорт на телото на Наце до неговата родна Македонија, објавено е на ФБ страната Gourmet Bar & Grill – Bugibba.

-Драги браќа и сестри. Денес добив многу тажна вест. Имено, нашиот брат во Христа од Северна Македонија, Наце Трајковски, кој дојде да ги посети ќерката и внуците за божиќните и новогодишните празници, утрово ненадејно почина во прегратките на својата ќерка и зет на 67-годишна возраст.

-Навистина ме потресе и верувам и сите вас. Како што повеќето од вас знаат, дека дојдовме овде за подобар живот, така и тие дојдоа овде да обезбедат подобро утре за себе и за своите деца и да им помогнат на своите остарени родители, сепак, никогаш не знаеме кога Господ ќе не повика. Утрово го повикал кај себе, а ќерката, зетот и внуците не биле подготвени за тоа, објави свештеникот Горанчиќ.

Извор: dailyzonews.com

Коментари

коментари

error: Content is protected !!