четврток, 2 февруари, 2023

Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа – еве ги деталите

На 23.01.2023 околу 09.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Врбјани, општина Дебарца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила „форд“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(44) од Скопје и „даеву“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(66) од Кичево.

Во несреќата, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!