четврток, 2 февруари, 2023

ТРАГЕДИЈА: Младо момче од Македонија пронајдено мртво во странство- Еве ги деталите

Тело на македонски државјанин е пронајдено во изнајмен стан во Бујановац потврди Вишото јавно обвинителство од Врање. Мртов 30-годишник од Скопје би пронајден во објект за сместување во сопственост на жител на Бујановац.

Полицијата во Бујановац го известила дежурниот заменик на Вишото јавно обвинителство Врање дека во Бујановац е пронајдено телото на Н.Н. лица. По увидна екипа на ПС Бујановац, во присуство на лекар судски вештак, било утврдено дека се работи за А.Р.(30) од Скопје.

Извршена е истрага и вештачење на телото од страна на судски вештак, при што е утврдено дека нема траги кои би упатувале дека смртта е предизвикана од насилство.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!