Смртоносниот биланс од саботниот руски напад на станбената зграда во Дњепар се искачи на 40 лица, соопштија украинските власти.
Спасувачите се уште трагаат по преживеани под урнатитите. За исчезнати се пријавени над 30 лица, соопшти претседателот Зеленски.
-Десетици луѓе беа извлечени од под урнатините, меѓу кои и шест деца. Се бориме за секој човек! Спасувачката операција ќе се спроведува се додека постои и најмала шанса да се спасат нивните животи“, изјави Зеленски.
Кремљ денеска реагираше за случувањата во украинскиот град Дњепар. Негираше дека станбената зграда била цел. Трагедијата според портпаролот на Кремљ биле предизвика од акциите на украинската противракетна воздушна одбрана.
Песков упати и закана до западните земји дека нивните тенкови на бојното полето во Украина ќе горат, а на Киев му порача дека Кремљ ќе ги постигне сите цели на специјалната воена операција во Украина.
Борбите во источна Украина се интензивираат. Дополнителна главоболка на украинските власти им носат заедничките воени вежби на Русија и Белорисија кои стартураат денеска во Белорусија. Досега Минск не и се придружи на Москва во војната во Украина, но и дозволи да ја користат белоруската територија за испраќање војници во Украина на 24-ти февруари минатата година. Сега украинските власти стравуваат дека Моксва повторно би можеле да го искористи блискиот сојузник за нова копнена офанзива на Украина.