четврток, 2 февруари, 2023

РКЕ ОДЛУЧИ: Поскапуваат горивата од вечерва на полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на цените на сите горива од вечерва на полноќ.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1 денар, и ќе изнесува 80 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 1,5 денар, и ќе изнесува 82,5 денари.

Поскапува и дизелот за 1 денар, и според новата цена од утре ќе се продава по 81,5 денари по литар.

Расте и цената на екстралесното масло за домаќинство, и од утре ќе се продава по 81 денар по литар. Цената на мазутот од утре ќе изнесува 39,5 денари по литар.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!