ФИФА ја казни Србија поради инцидентот на Светското првенство

ФИФА ја казни Србија поради однесувањето на нејзините навивачи на Светското првенство кое на крајот на минатата година се играше во Катар.

Србија е казнета со 50.000 франци поради скандирањето на нејзините навивачи на последниот натпревар во групата против Швајцарија, кој избраниците на Пикси Стојковиќ го загубија со 3:2.

Српските навивачи ги навредуваа швајцарските играчи со косовско потекло, а ФИФА во образложението на одлуката наведува дека тоа е навреда на национална основа. Освен Србија, со 100.000 франци е казнет и Мексико поради навреда на хомосексуалците со скандирање.

ФИФА покрена дисциплинска постапка против Аргентинците поради нивното однесување по победата против Франција во финалето на пенали. Аргентинците се бунеле во просторот за интервју и не сакале да разговараат со странски медиуми, со што ги прекршиле правилата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!