ВЕСТА Е ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!
ВЕСТА Е ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!
ВЕСТА Е ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!
Братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) се ранети денеска околу 15.00 часот во Готовуша кај Штрпац во Косово кога без повод и причина локален Албанец пукал во нив од возило во движење.
Во моментот на нападот децата оделе покрај патот и носеле Бадникови гранчиња кога напаѓачот отворил оган врз нив. Едното момче било застрелано во раката, а другото во рамото.
Осомничениот (33) за ранувањето побегнал, но по речиси два часа бил лоциран и уапсен. Веднаш по инцидентот, локални жители од српска националност го блокирале локалниот пат меѓу Штрпце и Урошевац.
Албанските медиуми објавија фотографија од А.К. (33) кој е осомничен дека околу 15 часот пукал во српски момчиња кои носеле бадњак кај Штрпац.
Според неофицијални информации на Индекс, А.К. наводно е припадник на косовските безбедносни сили. Осомничениот е однесен на распит во Урошевац.
-Не знам детали, шокиран сума, знам само дека пукале во нашите деца.
Вака мајката на ранетото момче (11), Зорица Стојановиќ низ солзи зборува за Косово онлајн додека чекала лекарите да и кажат како е нејзиното дете.
-Што може да погрешат децара – низ солзи вели Зорица.
Извор: dailyzonews.com