4-годишно момче вчера проголтало желад во градинка во Владичина Хан, Србија, по што починало.
Според неофицијални информации, желадот е од елката.
Момчето во градинката проголтало желад, по што со возило на Итна медицинска помош најпрвин било префрлено во ЗЦ Сурдулица, а оттаму во Клиничкиот центар во Ниш.
И покрај напорите на лекарите да го спасат и покрај тоа што желадот бил изваден, детето синоќа починало.
Увидот ќе утврди како никој не го спречил детето да го јаде желадот и што правеле мајките од градинката во тој момент.