четврток, 2 февруари, 2023

ХАОС во Српската фудбалска федерација: Пикси земал бонус од 1,5 милиони евра за „фијаското“ на мундијалот

Состанокот на извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), прво во празнична атмосфера ги прогласи селекторот Драган Стојковиќ Пикси и Александар Митровиќ за најдобри во годината, по што паднаа сериозни обвинувања на сметка на Пикси и претседателот на ФСС, Ненад Бјековиќ за нивните „дебели“ бонуси за настапот на СП.

Србија на СП и покрај големите очекувања испадна во групната фаза со последно место во групата во која беа и Бразил, Швајцарија и Камерун со еден освоен поен.

Новица Тончев, членот на ИО, го обвини Пикси дека земал бонус од милион и пол евра за неуспехот на СП во Катар, додека Бјековиќ, како и неговите соработници Јован Шурбатовиќ и Стеван Стојановиќ добиле по 350.000 евра. Тој исто така побара формирање на комисија за утврдување на сумата која е потрошена за настапот на СП, за големата делегациа на федерацијата и трошоците кои тие ги направиле.

Извор: tocka.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!