четврток, 2 февруари, 2023

Битиќи: АКО Е ПОТРЕБНО ќе ги замрзнеме цените и ќе креираме нови мерки за најранливите категории

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска најави дека ако е потребно ќе ги замрзнат цените на одредени производи, како и дека ќе креираат мерки за помош на најранливите категории граѓани и по март следната година кога истекуваат постојните.

-Иако се залагам за целосно либерализирана пазарна економија, ако е потребно ќе ги замрзнеме цените бидејќи граѓани заслужуваат да се однесуваме етички во овие моменти солидарно кон заедничкото справување со кризата, рече Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање во врска со зголемувањата на цените на храната и на електричната енергија.

Вицепремиерот истакна дека тоа што се обиделе да ги намалат сите импути кои дефинираат цена на краен производ во прехранбениот сектор и во енергетиката, веќе ги дава резултатите.

-Веќе се даваат првите резултати на враќање на одредено ниво на цени на основните прехранбени производи. Лично не сум задоволен од брзината на која рагираат сите, сметам дека можеа солидарно побргу тоа да го направат зашто во криза сите се погодени и сметам дека затоа целосно поддржувам воведување нов данок за екстра добивка бидејќи тоа е еден начин како кон одредени структури треба соодветно да се однесуваме. И наредната година ќе биде период на криза, рече Битиќи на прес-конференција во Владата.

Околку енергетската енергија, тој смета дека успеал да осигураат и да не дозволат зголемувањата да бидат енормни до ниво на пазарни цени.

-Ме радува тоа што ЕСМ гарантира дека следната година производството на струја не само што ќе биде зголемено туку ќе се врати во најдобрите години од пред 20 години можеби кога тоа не се случило некогаш во нашата држава и сето тоа во кризна година и затоа мислам дека секое едно поместување на цените и еден посто некогаш за одедени категории на граѓани боли, за најранливите ќе креираме мерки за да им помогнеме да се справат. Активни се мерките кои ги воведовме. Ќе продолжиме и од март кога истекуваат, да креираме нови мерки за најмалку да го осетат најранливите категории граѓани евентуалното зголемување на цени, додаде Битиќи.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!