четврток, 2 февруари, 2023

Трагичнa вест соопшти нaвивaчкaтa група Комити Скопје: Не постои утеха која може да ја смири оваа болка, згасна животот на младиот Дарко

Трагичнa вест соопшти нaвивaчкaтa група Комити Скопје. Тие на нивната фејсбук страна информираа за смртта на младо момче и нивен член.

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

„Го известуваме целокупното членство, како и сите навивачи и симпатизери на клубот, дека денес животот го загуби нашиот член Дарко Смоковски – Смок.

Не постои утеха која може да ја смири болката која во овој момент сите ние ја чувствуваме. Останува сеќавањето, остануваат многуте заеднички приказни на Запад запишани, и останува твојата насмевка по која беше препознатлив. Насмевка која ниту смртта не може да ја победи!

Упатуваме сочувство до семејството и до најблиските.

Дополнително ќе ги соопштиме информациите поврзани со погребот.

Дарко Смоковски – Смок (4.1.1999 – 20.12.2022)

Засекогаш дел од нас!“

Коментари

коментари

error: Content is protected !!