Оливера Ристановиќ, претседател на Судот за прекршоци во Србија, за медиумите раскажа анегдота од судењето, кога возач во а-лко-хо лиз-ирана состојба удрил во автобус во кој се превезувале полицајци.
Според неа, возачот кој удрил во автобусот всушност не видел дека во автобусот има полицајци, па ги молел да не ги повикуваат.
-Еден возач кој бил во ал кох оли-зирана состојба со автомобил „удрил“ во автобус во кој се превезувале припадници на МВР. За среќа, ниту еден од 50-те полицајци не е тешко повреден, па сите излегле да видат како дошло до несреќата. Тогаш возачот му се обратил на еден од нив со зборовите:
„Те молам брат, само не викај полиција“. Беше толку пиј ан што не виде дека сите се во униформа – изјави таа.