четврток, 2 февруари, 2023

„Мицкоски го виде ли хаосот во Скопје што го создаде или сè уште се крие?“, прашуваат од СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Дали Христијан Мицкоски денеска го виде хаосот во Град Скопје што тој ВМРО-ДПМНЕ и нивната Арсовска го создадоа или се уште се крие?

Треба Мицкоски да види и да се засрами. Она што денеска му се случува на Скопје, но и хаосот и безидејноста што се случуваат цела година се одговорност на градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска му приредуваат нова непогода на Град Скопје. Градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната досега.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!