четврток, 2 февруари, 2023

ЕСМ СО УБАВА ВЕСТ: Поевтина струја од 1 декември

ЕСМ Продажба ги испрати по пошта договорите за снабдување по субвенционирана цена до речиси сите јавни основни и средни училишта кои поднесоа пријави и кои ги исполнуваа условите, а за чии броила ЕВН Дистрибуција одобри снабдување.

Тече испраќањето на договорите и на правните субјекти од прехранбената индустија, и тоа за оваа категорија ќе биде завршено до крајот на утрешниот ден. Најмал број пријавени субјекти произлегуваат од водостопанската дејност, кои исто така ќе ги добијат договорите.

Субјектите за кои Дистрибуција не одобува снабдување на нивните броила или на дел од нивните броила, се известуваат телефонски, со цел да преземат мерки во однос на причините, а бројот на таквите случаи не е мал, информираат од ЕСМ Продажба.

Сите субјекти пријавени за дополнително снабдување по одлуката на Владата, а кои ги исполнуваат условите и чии броила се одобрени од Дистрибуција, ќе бидат снабдувани од ЕСМ Продажба од 1.12.2022 без оглед дали до тој датум ќе им пристигнат договорите по пошта.

Субјектите се веќе ставени во системот на ЕСМ Продажба и треба да ги прават своите пресметки за производниот и работниот процес врз основа на новата цена на електричната енергија која ќе ја плаќаат, а тое е 80 е/MWh за прехранбената индустрија за основните производи, и 95 е/MWh за училиштата и водостопанствата.

Од 1.1.2023 на субвенционирано снабдување ќе бидат приклучени сите субјекти кои дополнително ќе се пријават во следниот период, како и тие кои при првото пријавување немале комплетни документи и кои истите ќе ги комплетираат, посочуваат од ЕСМ Продажба.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!