четврток, 2 февруари, 2023

Бекам прави фудбалски ВИСТИНСКИ ДРИМ-ТИМ во САД!

Во клубот на Дејвид Бекам во САД, Интер Мајами пристигнуваат светските фудбалски ѕвезди Меси, Суарез, Фабрегас, Бускетс?

Најдобрите светски фудбалери во последните две децении Лионел Меси и Кристијано Роналдо се во центарот на вниманието во последните денови. И двајцата ги предводат своите репрезентации на Светското првенство во Катар, каде се обидуваат во последниот обид да стигнат до посакуваниот пехар.

Сепак, нивната клупска иднина е неизвесна. Португалецот и Аргентинецот повторно би можеле да бидат ѕвезди на преодниот рок.

Роналдо е слободен играч по раскинувањето на соработката со Манчестер Јунајтед, додека договорот на Меси со Пари Сен Жермен истекува во јуни. Богатиот Ал Наср на Португалецот му нуди прекрасен договор, додека „Тајмс“ објави дека Лионел Меси е близок до Интер од Мајами, клуб чиј еден од сопствениците е англиската суперѕвезда Дејвид Бекам.

Сорабитниците на аргентинскиот волшебник ги негираа овие наводи, но каде што има чад има и оган.

„Тајмс“ пишува дека Бекам е клучниот човек кој стои зад овој трансфер, кој би предизвикал вистинска револуција во САД и секако придонел за развој на фудбалот во земја во која рагби топката во облик на јајце е се уште многу попопуларна.

Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Реал, Милан и Пари Сен Жермен моментално е амбасадор на Катар на Мундијалот. Договорот на Меси со парижаните истекува на 30 јуни.

ПСЖ сака да го продолжи договорот со Меси, а претходно се пишуваше дека тој би можел да се врати во Барселона, од која минатото лето си замина на контроверзен начин.

Наводно, Бекам прави Дрим Тим на Флорида, а британските медиуми пишуваат дека Луис Суарез, ветеранот кој е слободен играч по завршувањето на договорот со Национал од Монтевидео, би можел да замине во Мајами.

Уругваецот ги имаше најдобрите партии во кариерата во Барселона кога перфектно работеше со Меси. Се споменува и Цеск Фабрегас, актуелниот играч на италијанскиот второлигаш Кома.

Шпанска „Марка“ пред неколку дена напиша дека Серхио Бускетс веќе во јануари би можел да го напушти Ноу Камп и да се пресели во Мајами.

Меси пред две години изјави дека може да се замисли во МЛС лигата. Најпознат играч на Интер Мајами минатата сезона беше поранешниот напаѓач на Реал, Наполи и Јувентус, Гонзало Игуаин, додека на клупата на тимот од Флорида е Англичанецот Фил Невил, поранешен соиграч на Бекам од Манчестер Јунајтед. Интер е основан на 29 јануари 2018 година.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!