четврток, 2 февруари, 2023

Шест медали за кик-боксинг клубот ,,АС” од Делчево од Меѓународниот турнир во Црна Гора

Со два златни, три сребрени и еден бронзен медал кик-боксинг клубот АС од Делчево се враќа од Меѓународниот турнир во кик-боксинг, кој викендов се одржува во Плевља, Црна Гора.

Како што информираше тренерот на екипата Љупчо Стојчевски освен шестте медали за екипата, младиот Андреј Митков го освои и признанието за најдобар млад кадет на турнирот.

-На овој реномиран меѓународен турнир настапија нашите претставници Андреј Митков и Павел Стојчевски. Митков освои два златни медали во дициплината поинт-фајт ( -42кг и -47кг) како и сребрен медал во кик-лајт (-42кг), со што го освои пехарот за најдобар млад кадет во дисциплината поинт-фајт. Павел Стојчевски освои два сребрени медали во поинт-фајт (-63кг и -69кг) јуниори и бронза во дисциплината кик-лајт (-63кг), информираше Стојчевски.

Според тренерот освоените медали се огромен успех за клубот од Делчево.

-Успехот е уште поголем ако се има во предвид дека ова е успешно враќање на Андреј Митков по повредата на левата рака, додаде тренерот на делчевскиот кик-боксинг тим кој на Меѓународниот турнир во Црна Гора беше делегиран за судија на турнирот.

Екипата продолжува со свои настапи, а до крајот на годината како што додаде тренерот на екипата и престојат настапи на уште два турнири во Србија и Бугарија.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!