четврток, 2 февруари, 2023

ЛУКАШЕНКО ТВРДИ: САД не дозволуваат Украина да започне мировни преговори

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека Соединетите Американски Држави не дозволуваат Украина да започне преговори со Русија.

„Украинското раководство не смее да ги започне преговорите. Сакаат да ја срушат Европа со еден удар, за преку Русија да се приближат до Кина. Се разбира, со разбивање на Русија“, рече тој, според ТАСС.

На почетокот на оваа недела, Лукашенко зборуваше за потребата да се преговара за мир, но дека Украина, Полска и САД, треба да бидат „прикажани во вистинското светло“.

„Америка, која владее со Полска се плаши само од една работа, нуклеарен конфликт и нуклеарно оружје. Зошто? Бидејќи тогаш веќе ќе биде вжештена ситуација. Тоа е нивниот пристап“, изјави белорускиот претседател пред новинарите, пренесе Спутник.

Лукашенко рече дека раководството на Украина треба да престане и да преземе чекори за прекин на конфликтот доколку не сака да загинат огромен број луѓе и земјата да биде уништена.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!