четврток, 2 февруари, 2023

KPBABA ДРАМА: Две лица си го пронашле пријателот во соба со рана во стомакот откако претходно биле заедно на лов

Министерството за внатрешни работи информира дека на 26.11.2022 во 19.15 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во село Љуботен, скопско има повредено лице од огнено оружје, кое со возило било однесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Од полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и било утврдено дека станува збор за М.Љ.(31) од село Љуботен, кој, според првично пријавеното од лицата кои биле со него, Р.А. и М.А., биле заедно на лов во с.Љуботен.

Според пријавеното, повредениот останал сам во викенд куќа и во еден момент, Р.А. и М.А. слушнале истрел од огнено оружје и кога се упатиле кон викенд куќата, го пронашле повредениот во собата со прострелна рана во пределот на стомакот. Се работи на расчистување на случајот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!