Русија ќе плати за гладот во Украина за време на советската ера кога милиони Украинци загинаа во текот на зимата 1932-1933 година и за нејзините акции во актуелната војна во Украина, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател.
„Русите ќе платат за сите жртви на Холодоморот и ќе одговараат за денешните злосторства“, напиша Андриј Јермак на Телеграм, користејќи го украинското име за катастрофата.
Украинската годишнина од сеќавањето на жртвите од Холодоморот годинава е во сабота.
Во ноември 1932 година, советскиот водач Јосиф Сталин испратил полиција да го конфискува целото жито и добиток од национализираните украински фарми, вклучувајќи го и семето потребно за садење на следната сеидба. Милиони украински селани умреле од глад во следните месеци во она што историчарот од Универзитетот Јеил, Тимоти Снајдер го нарекува „очигледно смислено масовно убиство“.