четврток, 2 февруари, 2023

(ФОТО) ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ НА МАЛТА: Милица го „наместила“ вереникот, па глумела жртва

Милица К. (29) државјанка на Франција родум од Обреновац, за која се верувало дека е жртва на вооружен грабеж на Малта, е уапсена под сомнение дека учествувала во разбојништвото. Освен Милица, полицијата ги привела и српските државјани Виктор М.(39) и Владимир П.(26) и на сите им е одреден притвор.

Еден од учесниците е уапсен само неколку минути по грабежот. Не е соопштен идентитетот на тоа лице, ниту кога биле уапсени другите учесници во грабежот, пренесува Малта тудеј.

Според извештаите, постои сомневање дека 26-годишен маж влегол во станот на плоштадот Тони Бајада во Накаро, каде во средата живеат Холанѓанецот (42) и Милица (29).

Наводно, разбојникот, државјанин на Србија, ги врзал и им барал пари заканувајќи им се со пиштол. Ги држел на нишан додека не ги ограбил, пренесуваат малтешките медиуми.

Полицијата соопштила дека осомничениот покрај пиштолот со себе имал и нож со кој го ранил Холанѓанецот. Откако од куќата одзел пари и други вредни предмети и ги ставил во ранец, избегал од местото. Неколку минути по пријавата, полицијата забележала маж кој одговара на описот во близина.

Сепак, следувал филмски пресврт бидејќи полицијата и ставила лисици на рацете на француската државјанка Милица К., за која постојат сомнежи дека го наместила партнерот.

Инаку, при грабежот од кој крадците однеле плен вреден околу 2.300 евра, и таа била врзана и глумела дека е шокирана и исплашена.

„Истрагата покажа дека жената која живеела во станот со Холанѓанецот всушност била соучесник и дека имала договор со двајцата осомничени мажи да го ограбат нејзиниот партнер, кој бил тешко ранет со нож за време на драмата во станот“, изјавиле истражителите.

Уапсените ја негирале вината.

Покрај учеството во грабежот на нејзиниот партнер, Милица К. е осомничена и за лажна пријава во полиција, како и за криење докази.

Нејзиниот соучесник Виктор М., кому најверојатно претходно му дала инструкции како да влезе во станот во кој живее со вереникот, но и каде да бара скапоцености, веднаш по грабежот е уапсен. Медиумите од Малта јавуваат и дека осомничената Милица К. плачела додека полицајците ја спроведувале до судот.

Инаку, на социјалните мрежи Милица К. е доста активна. Таа на својот Фејсбук профил во јули објави дека е свршена и дека е од Париз, но во некои од објавите се споменува и дека родното место и е во Обреновац. Таа објавувала и фотографии од натпревари во бодибилдинг.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!