понеделник, 28 ноември, 2022

Русија започна „МАСОВНО ГРАНАТИРАЊЕ“ во градовите и селата на фронтот во регионот на Доњецк

Русија започна „масовно гранатирање“ во градовите и селата на источната линија на фронтот во регионот на Доњецк , информираше украински официјален претставник.

Според претставник на американскиот Стејт департмент во Украина има докази за извршени „системски воени злосторства“ во секој регион каде што руските сили се распоредени во Украина.

Според ОН, од почетокот на војната биле убиени повеќе од 6.500 украински цивили. Се верува дека вистинските бројки се „значително повисоки“.

Со намалувањето на температурите, Украина почнува со доброволна евакуација од областите во јужниот регион Херсон, бидејќи оштетувањето на инфраструктурата од руските напади ја направи опасна за жителите. Украинските добавувачи на енергија, исто така, беа принудени да наметнат дополнителни прекини, бидејќи побарувачката за електрична енергија го надминува снабдувањето.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!