понеделник, 28 ноември, 2022

НБРМ СО ВЛОШЕНИ ПРОГНОЗИ: Инфлацијата ќе расте, економскиот раст ќе забавува

Помал економски раст, повисокa инфлација. Народната банка со нови, влошени прогнози за македонската економија. Цените на храната и енергенсите ќе продолжат да растат,банките ќе ја затегаат монетарната политика, парите ќе стануваат се поскапи, а личната потрошувачка ќе се намалува, бидејќи граѓаните ќе имаат помалку за трошење. Тоа ќе ја зголеми инфлацијата на 14,3% годинава, а ќе го намали растот на 2,3, односно 2% според песимистичкото сценарио.

Растот на инфлацијата ќе го зголеми трговскиот дефицит и дефициотот на тековната сметка, кој достигна 7,4% од БДП. Ќе се финансира од странски директни инвестиции и задолжувања на странските пазари. Бежовска ја повика Владата да води прудентна политика, да ги реализира најавените капитални инвестиции и да им помага само на тергетираните групи.

За да забави инфлацијата, Народната банка 7 пати годинава ја зголеми референтната камата. Деловните банки почнаа да ги зголемуваат каматите, посебно кај депозитите. Подрастично поскапување на кредитите се очекува почетокот на следната година, а ако тоа не е доволно, Централната банка повторно ќе реагира.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!