петок, 29 септември, 2023

ЦИА ширум светот бара Руси „кои се згрозени од ова од Украина“: „Путин беше на својот врв и изгуби се…“

Директорот за разузнавање на ЦИА Дејвид Марлоу рече дека агенцијата е заинтересирана да регрутира Руси кои се незадоволни од војната на Путин во Украина.

„Путин беше во својот најдобар моент на денот пред инвазијата”, кога сè уште имаше способност да ја принуди Украина, да влијае на НАТО и да покаже дека Русија е моќна нација, рече Марлоу на академската панел дискусија во Арлингтон, Вирџинија, минатата недела.

„Бараме ширум светот Руси кои се згрозени од тоа како и ние“, рече тој. „Затоа што сме отворени за бизнис“.

Се верува дека повеќе од 400.000 Руси ја напуштиле Русија во месеците од почетокот на инвазијата, а Кремљ процени дека дополнителни 700.000 ја напуштиле земјата во двете недели кога Путин прогласи „делумна“ мобилизација во средината на септември.

Според Волстрит џурнал, кој прв објави за предлогот на Марлоу за регрутација, продолженото војување во Украина предизвика „засилена шпионска војна“ во и околу Европа.

Шефот на британската разузнавачка агенција МИ6 Ричард Мур проценува дека повеќе од 400 руски разузнавачи кои работеле под дипломатски параван биле протерани ова лето, што сериозно ги загрозило разузнавачките операции на Кремљ, кој од освета го намали американското и европското дипломатско присуство.

Волстрит џурнал исто така ги цитираше западните официјални лица дека персоналот на ЦИА и МИ6 обезбедува обука и спроведува операции на теренот во Украина.

Извор: mkd.mk

Коментари

коментари