среда, 6 декември, 2023

Тешко повредена жена откако во неа удрило ауди

Вчера (21 ноември) во 17 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на кружен тек на улиците „Илинденска“ и „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, се случила сообраќајна несреќа.

Имено, патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот тетовец А.Б., удрило во 55-годишната А.И.(пешак), исто така, од Тетово, иформираат од СВР Тетово. Во несреќата, А.Б. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.


Коментари

коментари