понеделник, 28 ноември, 2022

Нови цени на горивата од полноќ

-Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,478 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66 отсто.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 43,046 денари за килограм. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 90,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 90, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 85,5 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,64 отсто, кај дизелот за 1,75, кај екстра лесното за 1,745 и кај мазутот за 4,114 отсто. Курсот на денарот, пак, во однос на доларот е понизок за 0,112 отсто.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!