среда, 6 декември, 2023

Претседателот на ФИФА: Северна Кореја може да биде домаќин на Светското првенство

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино вчера, за време на неговата бизарна прес-конференција, призна дека нема да има ништо против дури и Северна Кореја да го организира Светското првенство во фудбал.

Лидерот на светската фудбалска организација, кој е на чекор до освојување на трет претседателски мандат, вели дека секоја земја има право да го организира Светското првенство.

„Секоја земја има право да биде домаќин. Ако Северна Кореја сака да биде домаќин на нешто… Пред неколку години бев таму за да видам дали се подготвени да го организираат Светското првенство за жени заедно со Јужна Кореја. Очигледно не бев успешен но би отишол уште 100 пати ако тоа би направило разлика“, рече Инфантино и додаде:

„Само со активно дејствување можеме да промениме нешто. Ние сме глобална организација и мора да се стремиме да ја исполниме нашата цел, а тоа е обединување на светот околу најважната споредна работа на светот – фудбалот.

Да потсетиме, Северна Кореја нема играно на Мундијалот од 2010 година кога се одржуваше во Јужна Африка, а моментално е 112-та репрезентација во светот и една од воено најактивните земји во светот, најпозната по контроверзниот лидер Ким Џонг-ун и истрелувањето балистички ракети со цел тестирање.

Коментари

коментари