понеделник, 28 ноември, 2022

УБАВА ВЕСТ: РКЕ ОДЛУЧИ – Значително намалување на цените на дизелот и бензините

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 7.11.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и сега ќе изнесува 49,189 ден/кг.

Од 15.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 96,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 49,189 (денари/килограм).

Коментари

коментари

error: Content is protected !!