понеделник, 28 ноември, 2022

Вистинско шоу на македонските фудбалери во Неапол – гол и асистенција на Елмас, гол на Несторовски

Во извонредно интересен натпревар Наполи го совлада Удинезе со 3-2 и успешно граби кон шампионскиот трофеј.

На овој меч блеснаа македонските репрезентативци Елмас и Несторовски кои постигнаа по еден гол за своите екипи.

Елмас беше асистент за првииот гол на домашниот тим кој го постигна Осимен а самиот го постигна третиот погодок за домашните откако претходно во листата на стрелците се запиша и Зјелински.

Кај гостите покрај несторовски гол забележа и Самарџиќ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!