ПРИЗМА: Руски олигарх кој е под санкции на САД добил македонско државјанство

Избеганиот украински политичар, олигархот Олександр Онишченко по кого е распишана потерница и кој се наоѓа на листата на санкцинирани личности на САД поради мешање во тамошните избори, во мај годинава добил македонско државјанство.

Сторијата ја објави Призма, а како формална причина за издавањето на државјанството е неговата пасија по коњичките спортови.

Во него Коњичката федерација видела спортист кој достојно ќе ја претставува Македонија, а тој веќе го имал првиот настап во Сен Тропе, во Франција, каде освоил седмо место.. Иако се обидовме да стапиме во контакт со претседателот на Федерацијата Ристо Јосифовски, тој засега не одговори на повиците за да каже како дошле до идејата.

За контроверзниот Онишченко, кој има и руско државјанство, во Украина во 2016-та година била распишана потерница откако бил осомничен дека преку државната компанија за гас „Нафтогаз“ бил оштетен буџетот за над 100 милиониевра, а во јануари минатата година Вашингтон го стави на листата под санкции, бидејќи бил вмешан во руската мрежа што објавуваше наводни разговори на Бајден со Порошенко и на таков начин влијаел на изборите.

Сепак, овие податоци во неговото досие не биле пречка за македонската Влада, на седница одржана на 31 мај годинава да му даде македонско државјанство по претходно позитивно мислење од Агенцијата за млади и спорт.

Од Владата за Канал 5 велат дека:

-Пред да донесе каква било одлука, Владата бара мислење од релевантни институции. Во конкретниот случај, при носењето на одлуката Владата се водеше од позитивните мислења на четири институции – Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за млади и спорт, Федерацијата на коњички спортови и Олимпискиот комитет.

Но, од Владата нема одговор на прашањето дали при носењето на одлуката го земале во предвид досието на Онишченко, особено што Македонија е членка на НАТО и Стратешки партнер на САД.

Онишченко, откако избегал од Украина, води раскошен живот низ светот,а на неговиот инстрагам профил споделува фотографии и со Парис Халтон, тенисерот Надал и многу холивудски ѕвезди како Сталоне и ВанДам.. Прво прибижиште побарал во Шпанија, но откако добил решение за екстрадиција, заминал во Германија.

Тамошните власти одлучуваат да не го екстрадираат во Украина поради тоа што не биле сигурни дека ќе бидат почитувани минималните стандарди на меѓународното право во врска со затворските услови..Истовремено, германскиот суд ја укинува потерницата понего и тој е ослободен, меѓутоа Украина сѐ уште гобара.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!