понеделник, 28 ноември, 2022

Снаа со автомобил го прегази својот свекор

Вчера во 13.30 часот било пријавено дека во с.Глуво-скопско И.С.(30) движејќи се во двор од куќа со патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, удрила во нејзиниот свекор Б.С.(84), кој починал на местото на настанот, велат од МВР.

Како што информира МВР, од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено во Судска медицина за обдукција.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!