петок, 29 септември, 2023

Изгоре автомобил во куќен двор – Еве ги деталите

На 24.10.2022 во 03.03 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Радишани во куќен двор настанал пожар на патничко возило „опел антара“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.В.(53), од кој била зафатена и настрешница од куќата.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.


Коментари

коментари