четврток, 28 септември, 2023

АСТРОЛОЗИТЕ ОТКРИВААТ: Овие хороскопски знаци најчесто изневеруваат

Има луѓе кои кога ќе ветат нешто ќе направат се за да го исполнат.

Од друга страна, сите знаеме некој кој не ги исполнува своите ветувања и често не изневерува.

Некои тоа го прават намерно и од зли побуди, но повеќето едноставно забораваат. Овие знаци најверојатно ќе ве изневерат.

Близнаци

Близнаците се шармантни и слаткоречиви, па ќе ви ветуваат ридови и долини, но мали се шансите нешто од тоа да се оствари. Тие се ветерници кои живеат во моментот и не знаат каде ќе бидат за пет минути, па затоа е нереално да се очекува да го одржат ветувањето кое се однесува на далечната иднина. Освен тоа, брзо го менуваат мислењето и расположението, поради што е тешко да се потпрете на нив.

Риба

Рибите имаат добри намери и искрено сакаат да помогнат. Кога ќе дадат ветување, тие се уверени дека ќе го одржат. Проблемот е што тие се неорганизирани и расеани. Тие живеат во свој свет кој не е во согласност со реалноста и ќе ве разочара и ќе го прекрши ветувањето исклучиво поради тоа. Обично владее хаос во нивните глави, па едноставно не можат да се сетат на кого му кажале или ветиле.

Вага

Вагите не се злонамерни, но честопати ветуваат нешто затоа што не сакаат да повредат некого. Тешко им е да одбијат некого, па често се наоѓаат во ситуација кога треба да смислуваат лажни изговори и да бараат начин да се извлечат од нешто што го ветиле, а кое не го сакаат или не можат да го исполнат. Треба да научат почесто да кажуваат „не“ и да се спасат од срам.

Стрелец

Дури и овие позитиви немаат намера никого да изневерат, но тоа често се случува. Имаат многу планови, активности и договори и секогаш имаат сто работи на ум, па не е чудно што понекогаш нешто забораваат. Ова е главната причина зошто тие ги прекршуваат ветувањата. Кога ќе сфатат што направиле, им е жал и се обидуваат да се поправат, но не е реално да се верува дека ќе се сменат.

Извор: ТВ21

Коментари

коментари