четврток, 28 септември, 2023

БИЗАРЕН РАЗГОВОР: Илон Маск го пофали Медеведев, тој го покани на прослава во Москва

Основачот на SpaceX и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, се впушти во бизарен разговор на Твитер со Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија и близок сојузник на Владимир Путин.

Основачот на SpaceX и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, кој најпрвин им помогна на Украинците со активирање на системот Starlink кој им дава пристап до интернет, а потоа го предизвика нивниот гнев со „предлогот за мир“ во кој предложи Крим треба да и се даде на Русија, сега се впушти во бизарен разговор на Твитер со Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија и близок сојузник на Владимир Путин.

Вчера Медведев на Твитер објави: „Збогум Лиз Трас, честитки за салатата“, алудирајќи на вчерашната оставка на британската премиерка Лиз Трас, чие владеење во Британија се споредува со времетраење на главица зелена салата.

Маск одговорил: „Доста добро тролање, да бидам искрен“. После тоа, Медведев „е на пат кон Бахмут“, еден од ретките украински градови во чија околина напредуваат руските сили.

Медведев одговори: „Се гледаме во Москва на Денот на победата“.


Коментари

коментари