(ВИДЕО + ФОТО) НАЈНОВА ВЕСТ: Се урна авион врз станбена зграда – ЗАСТРАШУВАЧКА ГЛЕТКА ВО ЈЕЈСК, РУСИЈА

Руски воен авион падна врз станбена зграда во градот Јејск, во регионот на Краснодар, во близина на југоисточната граница со Украина. Глетката, како што јавуваат локалните медиуми, е застрашувачка и притоа избил голем пламен.

Падот на авионот го потврди и руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека станува збор борбен авион од типот Су-34, пришто пилотот успеал да се катапултира.

Според снимките што се споделуваат на социјалните мрежи, во пламен е и станбената зграда.

Видеото погледнете го ОВДЕ

Коментари

коментари

error: Content is protected !!