понеделник, 28 ноември, 2022

„Се сруши крај гробот додека го спуштаа татко и во земја“: Исповед на славниот музичар за смртта на мајка си која ја изгубил како мал

Ирскиот музичар Боно Вокс (62), чие вистинско име е Пол Дејвид Хјусон, ја изгубил својата мајка како 14-годишно момче и не сака да зборува за таа семејна трагедија.

Не само тоа, тој досега никогаш јавно не зборувал за настанот, туку се чини дека решил дека е време да пушти надвор некои чувства, па во своите мемоари „Surrender: 40 Songs, One Story“ (Предавање: 40 песни, една приказна) рекол дека тој и неговиот постар брат Норман имаат многу малку сеќавања на нивната мајка Ајрис и дека се обиделе да ја избегнат болката што ја чувствувале поради таа загуба. Нивната мајка починала во септември 1974. година, само неколку дена откако доживеала мозочен удар на погребот на нејзиниот татко.

„Се плашам дека беше полошо од тоа и ретко помислувавме на неа повторно. Бевме тројца Ирци и ја избегнувавме болката што знаевме дека ќе ја почувствуваме ако разговараме и размислуваме за неа”, признал Боно.

А го опишал и инцидентот на погребот на неговиот дедо кога го видел татко му како ја носи мајка му во раце низ толпата.
„Брзаше да ја однесе во болница. Таа падна покрај гробот додека нејзиниот татко го спуштаа во земја“, се сеќава тој.
Само три дена подоцна тој и неговиот брат биле донесени во болница за да се простат од неа, а нивниот живот оттогаш бил одбележан со меланхолија, мистерија и мелодрама.

Да потсетиме, претходно оваа година Вокс даде интервју за „Desert Island Discs“ во кое рече дека побарал прошка од својот покоен татко во една француска капела за начинот на кој се однесувал со него по смртта на мајка му.

„Му се извинив на татко ми во мала капела во Франција откако тој почина. Отидов таму кога немаше никој и запалив свеќа. Се спуштив на колена и само реков: ‘Гледај, извини што не бев таму за тебе. Многу помина, те молам прости ми’. Имав комплициран однос со Боб. Сигурен сум дека беше тешко да се справи со мене и се чувствувам како да не бев таму за него онака како што требаше“, откри тогаш тој.

Извор: ulica.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!