понеделник, 28 ноември, 2022

УБАВА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Економските политики даваат резултат – ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОСЕЧНИТЕ ПЛАТИ на 31.812 денари

Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика просечната плата за месец јули изнесува 31.812 денари односно за 11.5 отсто повеќе од истиот месец од 2021 година.

Во апсолутен износ тоа е за 3.200 денари повеќе за само една година.

Од овој месец следува покачување на платите во образованието, детската заштита, полицијата и одбраната што ќе влијае на дополнително зголемување на просечната плата.

Во услови на светска економска и енергетска криза преку одговорни и ефикасни мерки и политики Владата предводена од СДСМ обезбедува стабилност и конкурентност на домашната економија.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Коментари

коментари

error: Content is protected !!