понеделник, 28 ноември, 2022

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Две лица тешко повредени и едно полесно – Еве ги деталите

Две лица тешко биле повредени и едно полесно во сообраќајка што синоќа се случила во Кавадарци, потврди МВР.

-Синоќа во 19 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ресавска“ и ул.„Васил Главинов“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.А.(51) од Кавадарци и патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Т.(55) од Кавадарци.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „рено“ и неговата сопатничка С.И.(57) од Кавадарци, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „опел“, констатирани во Општа болница Кавадарци, појаснија од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!