среда, 6 декември, 2023

СТРАШНА ГЛЕДКА: Навивач се ЗАПАЛИ пред очите на Федерер, Ѓоковиќ и Надал

На паузата меѓу двата сета од вториот меч на првиот ден од Лејвер купот помеѓу Стефанос Циципас и Диего Шварцман, забележана е крајно чудна сцена.

Едно момче по завршување на двата сета истрча од трибините, се полеа со бензин и се обиде да се запали.

Пожарот ја зафати неговата рака, по што почнал да вреска од агонија, но набрзо пожарот бил изгаснат со експресната реакција на обезбедувањето.

Лицето, кој е активист за климатски промени, носел маица на која пишувало „Забрани ги приватните летови на територијата на Велика Британија“.

Сето тоа отстрана го следеа тимовите на Европа и светот, меѓу нив Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер, кој подоцна во вечерните часови ќе го одигра последниот меч во кариерата.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Извор: lokalno.mk

Коментари

коментари