Во следните денови утрата ќе бидат студени, а од утре дневната температура ќе биде во значителен пораст.
Утре ќе има услови за слаб локален дожд.
Како што информира УХМР, од вторник ќе има дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни проследени со грмежи.
Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Во следните денови минималната температура ќе се движи од минус еден до 12 степени, а максималната од 17 до 27 степени.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-1 Попова Шапка, Лазарополе, 0 Берово, 1 Маврови Анови, Крива Паланка, 2 Крушево, 3 Штип, Битола, Претор, 4 Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар, 5 Демир Капија, 6 Тетово, 8 Куманово, 9 Скопје-Петровец, Дојран, 10 Скопје-Зајчев Рид, 11 Гевгелија.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 19.0, Преспанско Езеро 18.5, Дојранско Езеро 25.0.
Извор: Телма