недела, 25 септември, 2022

Државата НЕМА педијатри и медицински сестри – Дури 600.000 ДЕЦА се без лекар во Шпанија

Речиси 600.000 деца и адолесценти немаат педијатар или друг лекар кој ќе се грижи за нив.

Ова го покажуваат податоците на здружение на педијатри од примарната здравствена заштита.

Главниот град на Шпанија, Мадрид и регионот Навара се заедниците со најголем дефицит од овие професионалци, а потоа следат Андалузија и Каталонија. Се проценува дека за пополнување на овие позиции се потребни уште 600 лекари, пренесува RTVE.

Има многу фактори кои доведоа до оваа ситуација: небезбедни услови во кои работат лекарите, преполни чекални, големи рурални области за покривање, како и недостиг од медицински сестри.

Речиси половина од оваа работна сила е на возраст над 55 години и ќе се пензионира за неколку години.

– Педијатрите избираат поинаков вид на работа, бидејќи често работат прекувремено со интензивен притисок. Од друга страна, значителен процент од нас педијатрите се пред пензионирање и наскоро ќе се пензионираме – вели Дора Бехарано, педијатар и делегат на Мадридското здружение на лекари и дипломци (AMITS).

Со оглед на состојбата на помал број педијатри, консултациите по дете траат пократко.

Експертите предупредуваат дека доколку децата не се згрижат навреме, ќе се зголеми бројот на случаи на нарушувања во исхраната и психолошки проблеми, како и бројот на деца со потешкотии во невролошкиот или говорниот развој, наведува RTVE.

Извор: skopje1.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!