недела, 25 септември, 2022

Делови од Скопје утре без вода

Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците „Прохор Пчински“, „Јоаким Крчоски“ и „Славеј Планина“ во општина Чаир.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм, на ул.„Прохор Пчински“ бб (кај Албанска Амбасада) во општина Чаир.

Исто така, прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат и корисниците од улиците „Стефан Јакимов – Дедов“, „Владимир Полежиновски“ и ТЦ “ Буњаковец во општина Центар, поради дефект на водоводна приклучна цевка, на ул. „Стефан Јакимов – Дедов“ бр.4.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!