недела, 25 септември, 2022

Цените вртоглаво растат, граѓаните се жалат – не се живее од леб и макарони

Замрзнатите маржи нема да го спречат растот на цените на производите.

И со замрзанити маржи на трговците, цените на производите ќе одат нагоре. Ако трошоците за производство растат, ќе се зголемува и нивната цена.. Само маржата која трговците ја наплаќаат ќе биде ограничена на 5 односно 10 отсто, и тоа само за основните прехранбени производи. Граѓаните велат – не се живее само со леб и макарони. Килограм кашкавал надмина 600 денари, сирењето и урдата се двојно се поскапени. Месото се продава за 20 до 30% по повисока цена. Луксуз е да се живее, се жалат граѓаните.

Не се издржува. Се е поскапено. Рекоа дека ќе се намалат цените, а тие оваа недела 2 пати се поскапени. И Млекото, кашкавалот, лебот. До кога вака? – прашуваат граѓаните.

Граѓаните се помалку купуваат и на пазарите . Наместо килогам, сега бараат овошје или зеленчук на парче.

Сега купуваат по две јаболка, по две праски, 300 грама грав..Тешко е . Па и за нас, продавачите е скапо. И ние се воздржуваме и штедиме, велат продавачите.

Проширување на листата производи чии маржи ќе се замрзнат уште пред неколку месеци најави министерот за економија Бектеши. Од Владата велат – се уште нема одлука за такво нешто.

– Се уште се анализира пазарот. Кога ќе има одлука, ќе бидете информирани, изјави Мухамед Хоџа, портпарол на Владата

Инаку и статистиката потврди дека за една година августовските цени кај храната се зголемиле за над 25%. Најмногу , над 46% поскапеле маслата и мастите, 44 отсто лебот , сирењето и јајцата скоро 27%, месото 23% . Според Синдикатот, на едно 4 члено домаќинство месечно му се потребни над 40 илјади денари за да ги задоволи основните потреби. Ако се вклучи и инфлацијата од 16,8%, сумата ќе надмине 48,000 денари.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!