Едно лице тешко повредено во сообраќајна несреќа

На 16.09.2022 околу 17.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка и ул.„70″ и ул.„221″ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(58) од с.Горно Којнаре, кумановско и мотоцикл „хонда” со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.Љ.(25) од Куманово.

Во несреќата, мотоциклистот М.Љ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!