петок, 29 септември, 2023

(ВИДЕО) СТРАШНО ЗА ГЛЕДАЊЕ – ИМА ЗАГИНАТИ: Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Папуа Нова Гвинеја, одземајќи најмалку пет животи.

Жителите на северните градови лоцирани во близина на епицентарот известија за силен земјотрес кој оштетил згради и патишта и предизвикал лизгање на земјиштето.

Локалниот парламентарец Кеси Саванг објави дека најмалку две лица загинале во оддалечените села во планините, а уште четворица се во критична состојба и биле пренесени во болница со хеликоптер.

Саванг изјави за агенцијата Франс прес дека лизгањето на земјиштето покрило куќи и „пресекло“ едно село. Во блискиот град Вау, локална компанија објави дека тројца нејзини рудари се закопани живи.

Видеото погледнете го ОВДЕ

Коментари

коментари