Австралиската влада ќе му дозволи на Новак Ѓоковиќ да настапи на следното издание на Австралија опен во јануари 2023 година .
Годинава легендарниот Ѓоковиќ големиот шампион на Мелбурн не играше на „Австралија опен“поради тоа што како невакциниран човек со судска одлука остана без виза и на крајот беше депортиран.
Имаше и информации дека нема да може да игра во Австралија во следните три години, но според „Хералд Сан“, нема да ја добие таа забрана и веќе во јануари ќе можеме да го гледаме на турнирот.
Во Мелбурн ќе атакува на 10-та шампионска титула и првиот грен слем во сезоната 2023.