Покрај Црна Гора и БиХ, и Унгарија сериозно размислува за влез во иницијативата Отворен Балкан, потврди унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто.
Подготвеноста на Бидумпешта да се приклучи на иницијативата Сијарто ја соопшти во Белград на самитот Отворен Балкан.
Тој најави дека Унгарија е особено расположена за соработка во енергетиката, на пазарот со храна и за заеднички инвестиции.Тој нагласи дека Будимпешта ја поддржува иницијативата бидејќи сите земји од Отворен Балкан направиле големи чекори за интеграција во ЕУ. Според Сијарто државите на Западен Балкан одамна би биле дел од ЕУ доколку за тоа одлучува само Унгарија.