НАЈНОВА ВЕСТ – СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Авион кој требаше да слета во Германија вечерва се урна во Балтичкото море, еве колку лица имало во него

Авион „Цесна“ се урна вечерва во Балтичкото Море, објави „Билд“. Авионот полетал од југот на Шпанија и се упатил кон Германија, поточно кон градот Бон.

По полетувањето имало проблем со притисокот во кабината. На Пиринејскиот Полуостров била прекината секаква комуникација со авионот.

Шпански и француски борбени авиони полетале за да дознаат што се случило со „Цесната“, но не успеале да остварат контакт.

Според првичните информации, во леталото освен пилотот имало и тричлено семејство, односно вкупно 4 лица.

Шведската крајбрежна стража испрати бродови и хеликоптер на местото на несреќата. Според последните информации, тие забележале дамка од гориво во морето и пронашле делови од урнатините.

Се стравува дека нема преживеани.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!