Повторно пропадна камион во фонтаната на Плоштадот во Скопје

Од утрово, на Плоштадот се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје.

Еден од камионите кој носеше опрема пропадна и фонтаната сега повторно е искршена и оштетена.

Ова е трет пат да пропаѓа камион на Плоштад.

Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула.

Лани во март пропадна камион за чистење на плочникот на Комунална хигиена.

После тоа, плочникот на фонтаната со месеци стоеше отврорен и заграден со лента за да не минуваат пешаци.

Површинската фонтана беше изградена во време на поранешниот градоначалникот Коце Трајановски и чинеше 2,5 милиони евра.

И таа е дел од проектот на владата на Никола Груевски „Скопје 2014“ вреден околу 700 милиони евра.

Извор: 24Info mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!